Готви со срце, учи со страст во MiCasa.
Стани дел од првата steakhouse академија за готвење и научи ги вештините од најдобрите ментори.
избери мудро!
Зошто MiCasa Academy?
Академијата за готвење MiCasa е вашата врата кон успешна кариера во хорека индустријата. Со врвни ментори, практична обука и инклузивна средина, нудиме образование кое ги комбинира традицијата и иновациите во кулинарството. Нашите модули се дизајнирани да ве подготват за глобалната гастрономска сцена, обезбедувајќи интернационално признат сертификат. Изберете ја MiCasa и претворете ја вашата страст за готвење во професија!
Од Професорот
Здраво на сите идни мајстори на кујната!
Јас сум Хабип, ваш водич во светот на врвната гастрономија. Со долгогодишно искуство во елитни стек хауси низ Истанбул, Дубаи и Москва, подготвен сум да ви ги откријам тајните на совршено зреено месо, уникатни салати и десерти што ќе ги освојат сите сетила. Ако сакате да готвите како професионалци и да станете мајстори во кујната – Академијата MiCasa е вашата следна дестинација. Подгответе се за вистинска кулинарска револуција!!
Готвачите се барани повеќе од било кога...
Според глобалните трендови, побарувачката за професионални готвачи расте за над 10% годишно, а во некои региони дури и повеќе. Со зголеменото интересирање за гурманска храна и специјализирани ресторани, искусните кулинарски експерти се меѓу најбараните професии во хорека индустријата. MiCasa Академијата ви нуди можност да станете дел од оваа динамична индустрија, стекнувајќи практични вештини кои веднаш ќе ве издвојат на пазарот. Дали сакате да работите во светски познати steakhouse ресторани или да отворите свој угостителски бизнис?