За академијата

Добредојдовте во MiCasa!

Кај нас страста за готвењето се претвора во врвна професија! Како водечка академија за кулинарно образование, ние создаваме генерации иновативни готвачи подготвени да внесат свежи идеи во хорека индустријата. Со врвен квалитет на наставата, практична обука и силни партнерства, градиме инспиративна и инклузивна заедница каде што талентот се развива, а креативноста нема граници.
MiCasa – твојот сигурен пат до кулинарен успех!

Интернационален сертификат

Официјално акредитирана академија од страна на МОН.

Експертско менторство

Сите наши ментори имаат долгогодишно искуство во областа.

Квалитетна
настава

Соодветна застапеност на практична и теоретска настава.

Приказната на MiCasa е раскажана преку страст и посветеност.  MiCasa Academy – првата академија за стекхаус кујна во државата која ја обединува уметноста на кулинарското мајсторство со професионалната обука, овозможувајќи им на идните готвачи и угостителски професионалци да ги променат стандардите на современото гастрономско доживување во регионот.

Во MiCasa Academy, традицијата се сретнува со иновацијата, додека учесниците ги совладуваат тајните на создавање врвна стекхаус кујна. Академијата претставува доказ за визијата на MiCasa – негување на талентот и издигнување на кулинарскиот пејсаж на Скопје.

Scroll to Top